„АББА“ ПОВТОРНО ВО СТУДИО ПО 35 ГОДИНИ, ПРЕМИЕРА НА НОВА ПЕСНА ВО ДЕКЕМВРИ

Стокхолм, (Би-Би-Си)

Една од најуспешните поп групи на сите времиња „АББА“ потврди дека е повторно во студио и дека снима први нови песни по повеќе од 30 години пауза.

Шведската четворка кажа дека новиот материјал е неочекувана последица од нивната скорешна одлука да направат турнеја со холограми.

„Сите четворица почувствувавме дека по некои 35 години би било забавно повторно да ги здружиме силите и да влеземе во студио. И изгледаше како времето да не запрело“, објави бендот на Инстаграм.

Засега нема датум кога новите песни би можеле да бидат издадени, но една од нив, насловена „Сѐ уште имам верба во тебе“, премиерно ќе биде изведена во декември, во специјален ТВ-прилог на Би-Би-Си и Ен-Би-Си.

„Звукот ќе биде познат, но, исто така, модерен. Сесиите во студиото беа како од стари добри времиња. Беше лесно, воопшто не беше чудно што 35 години не биле заедно во студио“, изјави портпаролот на групата, Горел Хансер.

Тој додаде дека групата не планира да настапува во живо.

„Не, не очекувајте повторно да ги видите на сцена заедно. Нема да го направат тоа“.

Групата ги одбиваше сите понуди да се обедини, откако се растури во 1982 година. Во 2000 година, наводно, ѝ биле понудени една милијарда долари за да оди на турнеја.