Познатата американска соул пејачка Марта Хај ќе настапи на шоуто „Златна бубамара на популарноста“, што ќе се одржи на 26 февруари во салата „Борис Трајковски“ од 20 часот.
„‘Златна бубамара на популарноста‘ оваа година ги проширува своите музички хоризонти со настапот на една повеќедеценсика соул-легенда“, велат од радио „Бубамара“.
Марта Хај (81) ја нарекуваат соул-божица и е најпозната по 32-годишната соработка со легендарниот Џејмс Браун како негов прв придружен вокал. Таа настапувала и со Литл Ричард, Џери Ли Луис, „Темптејшнс“, Арета Френклин, Б. Б. Кинг, Стиви Вондер, Принс, Мајкл Џексон, „Полис“ и многу други.
„Со нетрпение чекам да настапам пред публиката во Македонија“, рече Хај пред нејзиниот настап на 29. „Златна бубамара на популарноста“, на која ќе добие награда за животно дело.
Таа ќе ја испее култната песна „Се чувствувам добро“ (I Feel Good).