„Бакнеж во Париз“ е насловен концертот кој по повод на Денот на вљубените ќе се одржи денеска (12 февруари) во Филхармонијата. Како солисти настапуваат Фелисиен Брут од Франција на хармоника и францускиот мецосопран Ексел Сан Сирел (фото). Со оркестарот на Филхармонијата ќе диригира Тимоти Редмонд од Велика Британија.
На програмата се делови од познатата опера „Кармен“ на Жорж Бизе, теми од филмовите „Чоколадо“, „Аферата на Томас Краун“, „Чудесната судбина на Амели Пулен“ и „Чадорите од Шербур“, шансоната „Под небото на Париз“ и други љубовни теми, дел од нив со аранжмани на Џијан Емин.