„БЕБЕ ВО ЛУЛКА“, НОВА ПЕСНА НА БЕНДОТ „ПАРУСИОН“ СО ПОЗНАТИ МУЗИЧАРИ КАКО ГОСТИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Бендот „Парусион“ го објави новиот сингл насловен „Бебе во лулка“, во соработка со пејачката Катја Корен (фото) и повеќе познати музичари.

Музиката и аранжманот за песната се на Михаил Парушев, а текстот го напиша Катја Корен. Продукцијата е на Ивица Јанкуловски.

Во песната, Катја Корен ги пее вокалите, Мишел Трајковски е на хармоника, Јован Цветковиќ на пијано, Зоран Костадиновски на гитара, Благој Маротов свири бас, а Михаил Парушев тапани и клавијатури.

„Овој сингл е дел од креативната соработка меѓу членовите на ‘Парусион’ и гостите, носејќи свеж звук и современ израз“, велаат од бендот.

На 28 јануари во Младинскиот културен центар (МКЦ) „Парусион“ одржа концерт.