БОЖИЌЕН КОНЦЕРТ НА МАНДОЛИНСКИОТ ОРКЕСТАР „СКОПЈЕ“ СО ПОПУЛАРНИ ПЕСНИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Мандолинскиот  оркестар „Скопје” со диригентот Ерхан Шукри ќе одржи традиционален божиќен концерт во Скопје вечерва (13 декември) во католичката црква „Пресвето срце Исусово“ од 19:30 часот.

Како солисти ќе настапат Монијка Трпчевска, тенорот Христо Арсовски, Марко Баловски на мандолина и Дарко Багески на гитара.

На репертоарот се популарни божиќни песни, а концертот се организира на покана и во организација на амбасадата на Хрватска во Скопје. Влезот е слободен.

Мандолинскиот оркестар „Скопје“ го одржа својот годишен концерт на 11 номеври во малата сала на Филхармонијата. Диригираа Рамадан Шукри и Ерхан Шукри.