Д ФЕСТИВАЛ ВЛЕЗЕ МЕЃУ ДЕСЕТТЕ НАЈДОБРИ МАЛИ ЕВРОПСКИ ФЕСТИВАЛИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Д Фестивал, кој од оваа година се одржува во Штип, е избран меѓу десетте најдобри фестивали во Европа за претстојните Европски фестивалски награди (European Festival Awards).

Според гласовите на меѓународно жири составено од водечки експерти од музичката индустрија, Д Фестивал влезе во најтесниот избор во категоријата Најдобар мал европски фестивал, со капацитет од 10.000 посетители дневно. Во финалето се и фестивали од Швајцарија, Данска, Италија, Холандија, Романија, Бугарија и Србија.

Д Фестивал е единствениот настан од Македонија кој ќе конкурира за награда на Европските фестивалски награди, чии победници ќе бидат објавени на церемонијата во холанскиот град Гронинген на 14 јануари 2026.

Следното издание на Д Фестивал ќе се одржи од 26 до 28 јуни во Штип.

(Фото: Фејсбук)