Некогашниот фронтмен на „Токинг хедс“, Дејвид Бирн, го најави излегувањето на својот нов, деветти студиски албум, насловен „Who Is The Sky?“, на кој како гости се појавуваат и пејачките Сент Винсент и Хејли Вилијамс.
Албумот ќе биде објавен на 5 септември и е негов прв од „Американска утопија“ од 2018. Бирн го најави албумот со синглот „Everybody Laughs“.
Бирн го предводеше влијателниот рок бенд „Токинг хедс“ од 1975 до 1991, а првиот соло албум го објави во 1989.