Англиската пејачка Џос Стоун ќе одржи концерт во Скопје следната година во рамките на „Скопје колинг“, објави организаторот „Авалон“. Тоа ќе се случи на 21 јули на Стадионот на АРМ во Градски парк.
Триесет и осумгодишната Стоун е соул дива од новата генерација, која досега има објавено девет студиски албуми. Ова ќе биде нејзино второ доаѓање во Македонија, по настапот на Скопскиот џез фестивал во 2016, што беше во рамките на неколкугодишната светска турнеја, кога настапи и во затворени држави како Северна Кореја и Сирија.
„Авалон“ објави дека влезниците ќе чинат 1.990 денари за партер и 2.990 денари за фан пит.
(Фото: Гети)