ДИЏЕЈ ИЛИЈА ТАЛЕВ ПРОСЛАВИ 30 ГОДИНИ ОД ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ ТЕХНО АЛБУМ „И ПО ТИТО-ТЕХНО“ ВО БИТОЛА

Битола, (СМАРТ СДК.МК)

Со диџеј сет на Илија Талев познат како Ile the Hair синоќа (28 јуни) на Меѓународниот арт фестивал „Битола отворен град“ беа одбележани 30 години од првиот техно албум во земјава на Балканот „И по Тито-Техно“.

Албумот излезе во 1994. Илија Талев стана препознатлив рушејќи бариери во средината во која живее во многу области: музика, мода, култура и уметност во Битола и пошироко.

Тој е диџеј, музичар, организатор на првата техно журка во Македонија во 1989, автор на првата техно песна „Последниот Титов Танц“ во 1991, и првиот техно албум „И по Тито – Техно“ во Македонија и на Балканот со групата „Xavier Acid“.

Ж.ЗДРАВКОВСКА

 

Фото: Д.Х.К Милевски