ДИЏЕЈОТ ЏЕКС ЏОНС, БЕЈБИ ЛАЗАЊА И БАЈАГА ДОАЃААТ НА СТРУМИЧКИ ЕГЗИТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Струмица по четврти пат ќе биде домаќин на големата забава на отворено „Get EXITed“, што ќе се одржи на 7 септември. Како главна ѕвезда е најавен британскиот диџеј и продуцент Џекс Џонс, автор на глобалниот хит „I Got U“.

Во Струмица доаѓа и хрватскиот пејач Бејби Лазања (фото), кој лани го освои второто место на Евровизија со песната „Рим тим таги дим“, што му донесе огромна популарност во регионот.

Како трет учесник е потврден Бајага со неговиот бенд „Инструктори“, чии хитови спојуваат генерации. Бајага лани прослави 40 години соло кариера.

Настанот ќе се одржи во Големиот струмички парк, а влезот како и претходните години е бесплатен.

(Фото: Фејсбук)