ДУОТО „2БОНА“ ГО ОБЈАВИ ПРВОТО ПОГЛАВЈЕ ОД НОВИОТ АЛБУМ „94“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Дуото „2Бона“ го објави првото поглавје од новиот албум насловен „94“, за кој вели дека раскажува моќна музичка приказна за генерацијата која остави трага. Името на албумот е инспирирано од годината на раѓање на членовите Кун и Тони.

Во овој прв дел можат да се слушнат шест песни, проследени со видеозаписи: „Еверест”, „Ради реда”, „Лето”, „Еурека”, „Сука” и „Мозаик”. На дел од нив дуото соработува со Тајзи, Барбара Поповиќ и младите артисти на „Горила ТВ“, Шаро, Инсерта, Фико, Муфи и Вански.

Во снимањето учествуваа продуцентите Лазар Цветковски, Иле Спасев, Марио Јелиќ-Кун и Филип Андреев.

Со ‘94’ сакавме да ја раскажеме нашата приказна – како растевме, од каде почнавме, што преживеавме и каде се наоѓаме денес. Овој албум не е само за нас, туку за секоја генерација која се бори да остави белег“, велат Кун и Тони.

Албумот е достапен на сите стриминг платформи.