ЕМЕЛИ САНДЕ СО КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ НА 22 НОЕМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Шкотската поп-ѕвезда Емели Санде за првпат ќе одржи концерт во Скопје на 22 ноември, во организација на продукција „Прагма“. Како што велат од продукцијата, Санде ќе биде дел од голем музички фестивал кој ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“.

Адел Емили Санде, родена на 10 март во 1987 е шкотска пејачка и текстописец. Санде стана популарна по нејзиното гостување во синглот на „Чипманкс“ во 2009 „Дијамантски прстени“ (Diamond Rings), кој се искачи меѓу првите десет на британската топ листа на синглови.

Првиот соло сингл на Санде „Рај“ (Heaven), беше издаден во 2011. Таа двапати се искачи на врвот на британската топ-листа на синглови и на ирската топ-листа на синглови. Нејзиниот деби студиски албум во 2012 десет недели беше на врвот на британската топ-листа на албуми. Се продаде во милион примероци и стана најпродаваниот британски албум во 2012. Во 2017, таа ја освои наградата за најдобар британски женски соло изведувач на Британксите музички награди.

 

Фото: „Вирџин“