ФЕСТИВАЛ СО МЛАДИ БЕНДОВИ НА СПОМЕНИКОТ НА СЛОБОДАТА ВО КОЧАНИ, ПОСВЕТЕН НА ЖРТВИТЕ НА ПОЖАРОТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Денеска и утре (1 и 2 август), на Споменикот на слободата во Кочани ќе се одржи хуманитарниот фестивал „Расплет“, кој го организираат млади кочанчани заедно со локалниот бенд „Корка“ (фото).

„Главна цел на настанот е да подигнеме свест дека донациите не треба да се намалат и се потребни исто како во првите денови на формирањето на ‘Супорт Кочани‘. Донациите стивнуваат. Ние сме овде да ве потсетиме дека донациите не смеат да запрат, бидејќи им се најпотребни на повредените во пожарот, некои од нив директно се вклучени во фестивалот заради нивна повторна социјализација“, велат организаторите.

Денеска од 19 часот ќе настапат „Корка“, „Алембик“, „Такси конзилиум“, „Хајка“ и „Јаблан“, а утре од 20 часот се „Малард“, „Големата вода“, „Шамбр Де-Сурд“, „Луфтанза“, Донплеја и диџеј Џани.

„Целиот настан е посветен нa Сара Јорданова, наша драга пријателка и соученичка која го загуби својот живот во пожарот, но и на сите други засегнати“, велат организаторите.

Целата програма е достапна на овој линк. 

Во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март загинаа 62 луѓе, а околу 200 беа повредени.