Сакам да ја видам цела Македонија на моето шоу на 3 август во Охрид, порача францускиот диџеј Хугeл, кој ќе има настап на стадионот „Билјанини извори“.
„На 3 август ќе се вратам во Македонија за големо шоу. Македонија ја носам во срцето и навистина сакам да ве видам сите на мојот настап“, кажа Хугел во видеопораката, која ја објави продукцијата „Прагма“ на нивниот инстаграм профил.
Од продукцијата велат дека тимот на Хугел побарал тој да ги проба сите локални специјалитети, особено рибните, како голем гурман.
Хугел започнал да пушта музика на 16 години во неговиот роден град Марсеј. Инспириран од „Дафт Панк“, Карл Кокс и Лоран Гарние, тој брзо развил страст кон електронската музика. Денес има над милијарда преслушувања на дигиталните платформи и милионски прегледи на социјалните мрежи. Најангажиран е во Франција и на Ибица како дицеј во популарни клубови.
Негов најголем хит е „Те обожавам“ (I Adore You), песна која влезе на германската и британската топ-листа и стана голем хит на ТикТок и Инстаграм со над 36 милиони прегледи.
Билетите се продаваат преку мрежата на Купикарта.
М. ЏАРОВСКА