Францускиот диџеј Хугeл, еден од најпопуларните во електронската музика во моментов, ќе има настап во Скопје на 13 март во 2026, објави продукција „Прагма“. Диџејот гостуваше во Охрид на 3 август (фото), на стадионот „Билјанини извори“.
Хугел започнал како диџеј на 16 години во неговиот роден град Марсеј. Инспириран од „Дафт Панк“, Карл Кокс и Лоран Гарние, тој брзо развил страст кон електронската музика.
Денес има над 1 милијарда прегледи на дигиталните платформи и милионски прегледи на социјалните мрежи. Најангажиран е во Франција и Ибица во Шпанија, како дицеј во популарни клубови. Негов најголем хит е „Те обожавам“ (I Adore You), песна која влезе во германската и британската топ-листа и стана голем хит на ТикТок и на Инстаграм со над 36 милиони прегледи.
„Многу се радувам што се вратив во Македонија“, рече диџејот на забавата на стадионот во Охрид. Тој гостуваше во Охрид и пред неколку години. Билетите се продаваат преку мрежата на Купикарта.