ГРУПАТА „СКОПЈЕ ВИА“ СО АКТЕРКАТА ЈАНА СТОЈАНОВСКА ЌЕ НАСТАПИ ВО СКОПЈЕ НА 21 НОЕМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Групата „Скопје виа“, во која пее актерката Јана Стојановска, ќе одржи концерт во Скопје на 21 ноември, во „Јавна соба“ од 21 часот. Бендот претходно имаше настап во Будимпешта, каде што ја претстави својата авторска музика.

„Публиката ја очекува вечер исполнета со енергичен џипси џез, модерни аранжмани и изненадувања кои ветуваат атмосфера што ретко се гледа на домашната сцена“, велат од групата.

„Скопје виа“ е млад бенд кој го спојува традиционалниот џипси џез со современ урбан звук, создавајќи автентична музика што ја освојува младата публика. Нивните видеа на социјалните мрежи имаат десетици илјади прегледи, а од бендот велат дека им е драго што интересот за нивните настапи расте.