По 1.336 дена чекање, фановите на Хари Стајлс добија потврда за негов нов албум. Британската поп-ѕвезда од декември го навестуваше тоа со мистериозни пораки, сајтови и белешки и сега објави дека неговиот четврти студиски албум излегува на 6 март.
Насловен „Kiss All The Time. Disco, Occasionally“, тој доаѓа четири години по „Harry’s House“, кој се продаде во четири милиони примероци и беше прогласен за најдобар албум на Греми и на Британските музички награди.
Албумот ќе содржи 12 песни, но засега не е објавен ниеден сингл.
Стајлс е еден од најпрепознатливите музичари во Велика Британија уште од неговите 16 години, кога мајка му го убедила да се пријави на аудиција за „Икс фактор“, каде што беше вклучен во бој бендот „Уан дајрекшн“. Иако таа година завршија трети, наскоро станаа еден од најголемите бендови во светот.
Стајлс беше најпознатиот член на групата, што му помогна да започне успешна соло кариера кога таа се распадна во 2016, по само шест години.
(Фото: АП)