Холандската техно-хаус диџејка и продуцентка Лаура Ван Дам ќе има свој сет пред настапот на Армин Ван Бурен на 3 август на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, објави „Авалон“.
Ван Дам ја започнала својата кариера во 2018, кога го привлекла вниманието на диџејот Ники Ромеро и потпишала договор со неговата продукциска куќа. Има настапувано на некои од најголемите фестивали на електронска музика во светот и соработувано со Армин Ван Бурен, Тиесто, Мортен и други.
Покрај Ван Дам, на журката во Битола ќе настапат и македонското дуо „Сирилик“ и колективот „Семпре.“.
(Фото: Фејсбук)