Италијанскиот метал бенд „Лакуна коил“ е првиот потврден учесник на 27. издание на фестивалот Таксират, што ќе се одржи на 6 декември во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.
Предводен од харизматичната Кристина Скабија, „Лакуна коил“ е еден од најпопуларните метал бендови кои за вокал имаат жена. Групата е формирана во Милано во 1997 и првпат доаѓа во Македонија за да го промовира своето 11. студиско издание „Sleepless Empire“.
Влезниците за Таксират веќе се пуштени во продажба по почетна цена од 1.200 денари.
(Фото: Фејсбук)