ЈОН АЈДИ ОБЈАВИ НОВА ПЕСНА ЗА АМЕРИКАНСКА ИЗДАВАЧКА КУЌА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Кантавторот Јон Ајди ја објави новата песна „Толку е вистина“ (That Much Is True), за која вели дека е интимна и суптилна. Песната ја издаде американската издавачка куќа „Нвак колектив“, со која тој потпиша договор во 2024. Оваа дискографска куќа помага во промоцијата на млади музички таленти.

Ајди досега има настапено на неколку фестивали во Косово, Шведска и Бугарија. Во 2022 беше еден од шестемина финалисти во изборот на македонскиот претставник на Евровизија, кога победи Андреа Коевска.

Во моментов работи на нов албум, за кој вели дека е инспириран од музичари како Нора Џонс и Леонард Коен.

Ајди е автор на новата песна заедно со Американката Бејкер Грејс. Песната е снимена во студиото „Девилс ај“ во Кочани, миксана е во Лос Анџелес, а мастерингот е направен во Бристол, Велика Британија. Заедно со песната излезе и видеоспот