Кирил Џајковски ќе го објави новиот албум „Memory Paradox” во следните месеци под етикетата на „Филтер лејбл“. Ќе содржи дел од дваесетината нови песни на кои Џајковски работеше со неговите соработници во изминатите две години.
Како најава за новиот албум, од денеска на сите дигитални музички сервиси е достапен синглот „Head High”, спој на хип-хоп и драменбејс, на кој Џајковски е придружуван од редовната соработничка Ти-Кеј Вондер.
Иако досега не беше објавена, „Head High” беше редовно на репертоарот на фестивалските настапи на Џајковски и затоа е избрана да биде прв сингл од новиот албум, велат од „Филтер лејбл“.