МЛАДИ МУЗИЧАРИ ОД „ФЕЈМС“ ЌЕ НАСТАПАТ СО ВИОЛИНИСТОТ ЕМИЛИО ПЕРЦАН ВО СКОПЈЕ НА 6 ЈУЛИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 6 јули во Сули ан во Старата скопска чаршија ќе се одржи концерт на оркестарот на институтот „Фејмс“ составен од млади музичари од цела Европа, заедно со виолинистот и диригент Емилио Перцан од Скопје.

Концертот е дел од меѓународната студентска програма за оркестарска музика и студиско снимање, која е во рамките на европскиот оркестарски изведувачки институт „Фејмс“.

На репертоарот се дела од Вивалди, Далабако, Пучини и Рихтер од различни музички епохи. Емилио Перцан, кој настапувал на сцени во Буенос Аирес, Берлин и Амстердам, ќе биде солист и диригент на концертот.

Билетите се продаваат преку мрежата на МК тикетс.