КУЛТНИОТ ШВАЈЦАРСКИ БЕНД „ЈАНГ ГАДС“ СЕ ВРАЌА ВО МАКЕДОНИЈА СО КОНЦЕРТ ВО МАРТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Култниот швајцарски индустријал рок бенд „Јанг гадс“ се враќа во Македонија по долга пауза и ќе одржи концерт во Младински културен центар во Скопје на 14 март следната година, објави „Пасворд продукција“. „Јанг гадс“ е еден од првите позвучни странски бендови кој настапил во Македонија.

Триото предводено од фронтменот Франц Трајхлер оваа година објави нов албум, прв по шест години пауза и истовремено прослави четири децении постоење. Концертот во Скопје е дел од европската турнеја со која ќе се одбележи јубилејот.

Иако членовите се менуваа, групата во текот на целата кариера работи како трио, а семплирањето остана клучен елемент на нејзината музика.