Ламбе Алабаковски ја преработи „Како Пиреј“, песната од Гоце Николовски која ја испеа на „Фолк фест Валандово“ во 1994. Новиот аранжамна на песната е Николче Мицевски, и е најава за второто продолжение на проектот „Македонијо, во срце те носиме“.
„Песната доби современ звук, но го задржа својот дух. Новата верзија е мост меѓу генерациите и музичкото наследство.“, вели поп-пејачот. Музиката и текстот на оригиналната верзија се на Гоце Николовски и Јован Павловски. Интересно за оваа песна е дека таа веќе има две верзии. Едната била отпеана на фестивалот „Валандово“ во 1994, а другата е снимена на касета која валандовскиот фестивал ја издал истата година и е со мали промени.
„Македонијо во срце те носиме“, е во реализација на „Скендеровски продукција“, и ќе продолжи со преработки на народни песни во нови аранжмани. Андријана Јаневска, Ламбе Алабаковски, Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска се дел од пејачите кои снимаат преработки, а ќе се промовираат во наредниве месеци.