„ЉУБОЈНА“, ДАНИ И „МЕМОРИЈА“ ЌЕ НАСТАПАТ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ВКУСИ ГО ЈУГОТ“ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Етно-групата „Љубојна“ и поп-рок пејачката Дани Димитровска ќе одржат концерти во Гевгелија на 12 септември во рамките на манифестацијата „Вкуси го југот’, што ќе се одржува од 12 до 14 септември на Градскиот плоштад.

Заедно со „Љубојна“, на првата вечер настапуваат и КУД „Танец“, Емилија Николовска, Димитар Ангов, „Панта реи“ и „Гевгелиски мелос“.

Антониа Гиговска, Андријана Јаневска и Огнен Здравковски ќе имаат настап на втората вечер на 13 септември, покрај младите музичари од Школата за тапани, децата од детскиот фестивал „Калинка“, ансамблот „Бојмија“, гостите од хрватскиот град Винковци „Лисински“, Оливера Станковска и Филип Ангов.

На последната вечер концерт ќе одржи поп-рок групата „Меморија“ (фото), а ќе пеат и Јанг Деди и Дарко Гроздановски. Културно-уметничките друштва „Браќа Токеви“ и „Негорци“ исто така настапуваат на 14 септември, како и младите музичари од секцијата за гитара при Пионерскиот дом и женската група „Мистик“.

Ова е трето издание на фестивалот кој ги промовира Гевгелија и нејзините традиционални јадења и пијалаци.