Поп-пејачката Калина Велковска-Кали го претстави новиот сингл „Моето сонце“, опишувајќи ја како песна во поп-денс ритам што носи енергија и ритам што не може да се игнорира.
„Со ‘Моето сонце’ не раскажувам љубовна приказна, туку ја дефинирам својата“, рече Велковска.
Музиката, аранжманот и аудиопродукцијата се на Роберт Билбилов, а текстот заеднички го напишаа Билбилов и Кали.
Песната и видеото се достапни на сите музички платформи.