МУЗИЧКИ СПЕКТАКЛ НА АРМИН ВАН БУРЕН ВО БИТОЛА ПРЕД 10.000 ЛУЃЕ

Битола, (СМАРТ СДК.МК)

Музичка еуфорија приреди кралот на електронската и транс музика Армин ван Бурен на синоќешниот настап на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.

На журката имаше посетители и од регионот (Фото: СМАРТ СДК.МК)

По неговите минатонеделни гостувања на Ибица, тој допатува во Битола, каде што успеа да собере над 10.000 публика од Македонија и поширокиот регион. Тие имаа несекојдневна можност околу два часа да уживаат во неговите споеви на најпопуларните транс траки, а настанот со други гости траеше и подолго. Покрај музичкото уживање, тоа беше и визуелен спектакл со незаборавна атмосфера.

Настапот на Ван Бурен траеше два часа (Фото: СМАРТ СДК.МК)

Армин ван Бурен е холандски диџеј и продуцент со светска слава, а Битола за првпат во својата историја доби настан со музички артист и продукција од А-класа според сите светски фестивалски стандарди.

Настанот беше во организација на „Авалон“, а се реализираше со поддршка од Општина Битола во рамките на Битолскотo културно лето „Битфест“.

Ж. ЗДРАВКОВСКА