„НЕ МИ ТРОШИ ВРЕМЕ“, НОВА ПЕСНА НА ТЕА ТРАЈКОВСКА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Поп‑пејачката Теа Трајковска го објави новиот сингл со наслов „Не ми троши време“. Музиката и аранжманот се на Лазар Цветкоски, нејзиниот постојан соработник, а текстот го напиша пејачката заедно со раперот Tаско.

Во спотот, покрај неа, главна улога има и актерот Петар Стојанов. Режисер е Никола Наумовски.

„‘Не ми троши време’ е инспирирана од моментите кога поставуваме граници и си го враќаме својот мир. Темата е директна и искрена, базирана на моја свежа лична приказна. Пораката е дека треба да знаеме што заслужуваме и да не се задоволуваме со помалку. Идејата зад видеото е да прикажеме ситуација во која секој барем еднаш се има најдено“, вели младата пејачка.

Песната е достапна на сите музички платформи, а видеоспотот може да се погледне на јутјуб каналот на Теа Трајковска. Таа беше блиска пријателка со Владимир Блажев-Панчо и Андреј Ѓорѓиевски од дуото „ДНК“ и често соработуваше со нив.