„НЕДОГЛЕД“, НОВА ПЕСНА НА МАРТИЈА СТАНОЈКОВИЌ И РОБЕРТ БИЛБИЛОВ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Неодоглед“ е новата песна на младата поп-пејачка Мартија Станојовиќ од Куманово која ја испеа во дует со Роберт Билбилов. За песната тие снимија и спот во продукција на „Такат студиос“, а режисер е Генк Халими.

Тој е автор на музиката и продуцент на песната, а текстот го напиша Кристина Станоески. Песната е достапна на Јутјуб и на сите дигитални платформи.

Мартија Станојковиќ (22) ја започна кариерата во 2015 со учество во регионалното музичко шоу „Пинк ѕвездички“ во Белград, а претходно пеела на детски фестивали. Во конкуренција со повеќе млади пејачи од регионот, таа стаса до суперфиналето и го освои второто место пеејќи македонски и светски поп и рок хитови. Истата година, како претставничка од Македонија на истото шоу настапи и Антониа Гиговска.

Во 2016, Станојковиќ ја претставуваше Македонија на Детската Евровизија во Малта со песна од Александар Масевски. Оттогаш, таа има снимено неколку синглови од познати композитори и има редовни настапи на домашни фестивали и настани.