Дуото „Некст тајм“ го објави својот најнов проект „Македониум“, снимен на истоимениот споменик во Крушево, едно од највпечатливите културно-историски обележја во земјава.
Во „Македониум“, браќата Мартин и Стефан Филиповски ги снимија своите најголеми хитови, а како бонус песна ја преработија „Нема друга Македонија“ од Војо Стојаноски. Со Стефан и Мартин Филиповски свират и Владимир Крстев на виолина и Николче Мицевски на клавијатури.
Проектот е достапен на сите музички платформи, како и на официјалните профили на групата на социјалните мрежи.