„Флукс“, ветераните на панк рок сцената во Македонија, денеска ќе го промовира својот трет студиски албум, насловен „Сè околу нас“.
Промоцијата ќе се одржи во кафе барот „Браво“ во Скопје со почеток во 15 часот и освен тоа што албумот премиерно ќе се преслушува, „Флукс“ ќе ја подгрее атмосферата со свирка и ќе биде прикажан нов спот, што е снимен деновиве.
Групата „Флукс“ е активна на домашната андерграунд музичка сцена веќе 25 години и нејзините настапи редовно се претвораат во вистински фешти.