Германскиот град Вајмар, кадешто е основана славната школа за дизајн Баухаус, отвори нов музеј во чест на 100-годишнината од нејзиното отворање.

Музејот „Баухаус“, функционална и елегантна бетонска коцка, дизајнирана од германската архитектка Хајке Ханада, содржи најголем дел од предметите кои ја повлекоа линијата помеѓу уметничкото и индустриското.

„Целта не е само да се изложат архитектурата и дизајнот, туку да се прикажат школото и неговите водечки елементи во нивната различност, со нивната контрадикторност и да се покаже како се вметнати во 20. век“, изјави министерот за култура на државата Тирингија, Бенџамин-Емануел Хоф.

Германија цела година ќе го слави јубилејот, со повеќе од 700 настани, кои ќе се одржуваат во Берлин, Десау и Вајмар, каде се сместени институциите на Баухаус. Мотото на прославата е „100 години осмислување на светот“.