На 26 мај во 21;30 часот започнува петтото издание на Скопскиот брас фестивал со концерт на квартетот „Макбрас“, што ќе се одржи пред кафе барот „Филхармонија“. Квартетот го сочинуваат Бранко Илиевски, Никола Ристевски и Виктор Богоевски на тромбон и Александар Ниниќ на туба.
Гости на концертот се Кирил Кузманов на саксофон, Виктор Филиповски на тапани и Маријана Николовска на пијано.
„На програмата ќе бидат познати џез композиции и џез аранжмани на класични композиции“, велат од квартетот.