ПИКОЛОМИНИ ГО ПРОМОВИРА ПЕТТИОТ АЛБУМ „МОЖЕ И ТАКА, ДРАГИ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Петтиот албум на Пиколомини насловен „Може и така, драги“ ќе биде промовиран денеска (25 октомври) од 12 часот во музичката продавница „Ре:старт“ во Градски трговски центар. Промоцијата на албумот во издание на „Шарла рекордс“ ќе биде слушачка.

Комплетен автор на материјалот е Давид Ангелевски, а пост-продукцијата е работена во студиото „Кларион“ од страна на Дејан Ангелевски.

„По пауза од шест години, Пиколомини се враќа со музички материјал подготвуван внимателно и со лирска линија која прецизно го одразува духот на времето. Стилска шареноликост и критички став исполнет со иронија и меланхолија, со испреплетени моменти на лична интроспекција, романтично-надреални разговори со Скопје и многу нежност во комуникацијата со време-просторот од кој постојано ни заминуваат најдрагите. Во свет на општа конфузија на реалноста, кога секој произволно си ја конструира сопствената верзија, прашањето што овој албум реторички го поставува е – може ли и така?“, стои во најавата на албумот.