Повеќе од 50 бесплатни концерти и диџеј настапи ќе се одржат во рамките на тридневната ПИН музичка конференција и шоукејс, што почнува денеска (27 ноември), како традиционална увертира на фестивалот Таксират. Целата програма ќе се одвива во Младински културен центар.
Музичките настани ќе бидат распоредени на шест бини, вклучувајќи го тоалетот на МКЦ, а програмата во 20:45 часот ја отвора Елена Васова, годинашната добитничка на регионалната музичка награда „Милан Младеновиќ“.
На ПИН и оваа година ќе бидат презентирани нови имиња од европската независна музичка сцена, па ќе можат да се слушнат бендови и изведувачи од Бугарија, Србија, Унгарија, Франција, Италија, Грција, Холандија, Турција и други држави.
Надвор од музичката програма, ПИН ги обединува регионалните и европските лидери и профеионалци од музичката индустрија, новите таленти и креативната заедница, создавајќи простор за развивање и ширење идеи, уметност и професионални соработки.
(Фото: Фејсбук)