ПРОМОЦИЈА НА ПЕСНАТА „ЧУДО“ НА НЕЛА МАНЧЕВСКА, СО КОЈА ЌЕ НАСТАПИ НА ДЕТСКАТА ЕВРОВИЗИЈА ВО ГРУЗИЈА

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Вечерва ќе се промовира песната „Чудо“ (Miracle), со која Нела Манчевска ќе ја претставува Македонија на Детската Евровизија, која ќе се одржи на 13 декември во Тбилиси, Грузија. Песната на Манчевска, која има 13 години премиерно, ќе се пушти и на јутјуб каналот на јуниорскиот Евросонг.

Песната ја напишаа Лазар Цветкоски (музика) и Магдалена Цветкоска (текст).

„Песната е приказна за храброст, надеж и верба во себе, за тој момент кога ја пронаоѓаме сопствената светлина дури и во најтемните мигови“, велат авторите.

Вечерва ќе се промовира и видеоспотот за песната во режија на Огнен Шапковски.