ПРВ КОНЦЕРТ НА РАП ДУОТО „2БОНА“ НА 26 ДЕКЕМВРИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Рап дуото „2Бона“ ќе одржи концерт во Скопје на 26 декември, во салата „Јане Сандански“ од 20 часот, објави „Тикетс МК“.

Ова е прв соло концерт на дуото кое последниве години е многу популарно кај младата публика. На концертот ќе гостуваат Слаткаристика, Таско, Пајак, Тајзи и Криско од Бугарија. Организаторите како специјални гости ги најавуваат членовите на хип-хоп групата „ТХЦФ“ од Белград.

„Ова ќе биде вечер посветена на публиката која со години стои зад ‘2Бона’, вечер кога сите генерации ќе пеат“, велат организаторите.

Билетите се во продажба преку мрежата на Тикетс.мк.