„ШАРЛА“ ГО ОБЈАВИ НОВИОТ АЛБУМ НА АЛЕКСАНДАР ПЕЈОВСКИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Шарла рекордс“ го објави новиот албум на Александар Пејовски, „Метаградот на Серава“, што е 11. издание на композиторот на современа (класична) музика. Пејовски е познат по својот современ авторски став, отпорен на жанровски и стилски ограничувања и предрасуди.

„Во овој негов музички мозаик се претопуваат звуци и теми од разни времиња, ослободени од нивното ‘лежиште‘ и осовременети во еден возбудлив метафизички колаж. Всушност, во Фелиниевски манир, тој го поставува Скопје во центарот на еден имагинарен наратив, во кој неговите историски топоними и културни архетипи се реинтерпретирани преку игра со меморијата и време-просторот“, велат од „Шарла“.

Како гости на една композиција се појавуваат Ристо Солунчев и Христијан Моневски. Мастерингот го правеше Милан Симовски, а целиот материјал е снимен и продуциран во студиото „Коста Новаковиќ“.