Скопскиот емо/скримо бенд „Ју“ (YÖU) го најави својот прв соло концерт во Скопје, со кој ќе одбележи десет години постоење. Концертот ќе се одржи во Младински културен центар на 24 октомври.
„Ју“ почна како трио и во тоа издание го сними првиот албум „We Sing the Blues…“ во 2017. Минатата година го објави своето второ студиско издание, миниалбумот „River of Sadness“, сега веќе како четворка. Оваа година, „Ју“ настапи на фестивалот Егзит во Нови Сад.
Од бендот најавуваат дека ќе имаат и гости на концертот, чии имиња дополнително ќе бидат објавени.
(Фото: Фејсбук)