Скопските бендови „Последен удар“ и „Ју“ (YÖU) досега се потврдени како македонски учесници на годинашното издание на фестивалот Егзит во Нови Сад, за кое организаторите кажаа дека би можело да биде последно поради актуелните општествено-политички случувања во Србија.
„Последен удар“ е панк петорка која за кратко време се здоби со голема популарност на домашната андерграунд сцена, додека „Ју“ (фото) е емо/скримо бенд кој лани го издаде своето второ студиско издание.
Еден од најголемите музички фестивали во Европа ќе се одржува од 10 до 13 јули, а меѓу учесниците се најавени „Секс пистолс“, „Продиџи“, Боб Гелдоф и „Бумтаун ретс“, Лорин и бројни ѕвезди на електронската сцена.
Фото: А. Илиевски/Фејсбук