„ВИРТУОЗИ НА ХОРНА“, КОНЦЕРТ НА ХОРНИСТИ ОД МАКЕДОНИЈА И ОД РЕГИОНОТ НА 29 ДЕКЕМВРИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
На 29 декември од 19 часот во малата сала на Филхармонијата ќе се одржи концертот „Виртуози на хорна“.  Концертот е последен настан за 2025 кој се одржува во рамките на Скопскиот брас фестивал.
На концертот, покрај домашниот Благоја Василевски, ќе настапат хорнисти од регионот: Михајло Булајиќ кој е прва хорна во Лондонскиот симфониски оркестар и Оркестарот на РТВ Словенија (фото), Никола Чириќ, прва хорна во Белградската филхармонија, Илир Кодим, прва хорна во Косовската филхармонија и професор на Факултетот за музичка уметност во Тирана и Милан Роксандиќ, хорнист во Театарот од Нови Сад.
На програмата ќе има познати класични композиции како Унгарска рапсодија бр. 5 од Јоханес Брамс, Радецки Марш од Јохан Штраус, но и божиќни песни аранжирани за ансамбл хорни.
„Овој настан е значаен пример за меѓународна соработка и културна размена, носејќи врвна уметничка изведба и современ пристап кон камерната музика за хорни. Публиката ќе има можност да ужива во програма што ги истакнува богатството и можностите на овој инструмент, како и заедничката визија за развој на брас сцената во регионот“, велат организаторите. Влезот на концертот е слободен.