Црногорскиот кантавтор Владо Георгиев го одложи концертот во салата „Јане Сандански“ во Скопје за 24 април, откако првично требаше да се одржи на 20 март. Пејачот вели дека концертот се одложува поради пропуст на неговиот тим.
Георгиев рече дека го поместил концертот поради тоа што не бил информиран дека во неделата кога требаше да се одржи се одбележува годишнината од пожарот во Кочани, во кој загина 63 луѓе.
„Оваа недела не е во ред да пееме. Барем јас така мислам. Се извинувам, но навистина не е во ред. Се гледаме на 24 април“, вели Владо Георгиев.
„Со нетрпение ги очекуваме доаѓањето и настапот на Владо Георгиев во Скопје и се извинуваме за поместувањето на концертот“, велат организаторите.
Оние кои сакаат да ги вратат купените влезници, повратот ќе се врши на местото каде што се купени.