Хрватскиот пејач Владо Калембер со неговата група „Сребрна крила“ ќе настапи на фестивалот Охрид фест-Охридски трубадури, кој по 33. пат ќе се одржи во Охрид на сцената на „Долни сарај“ на 26 и 27 август. Тие во Охрид ќе ја промовираат новата песна „Не плачи бејбе“.
Музиката за новата песна ја напиша познатиот композитор Григор Копров, аранжманот е на Владимир Дојчиновски-Дојчин, а автор на текстот е Саша Драгиќ.
„Владо Калембер и ‘Сребрна крила’ размислуваат за бесплатен концерт на Античкиот театар во Охрид, со желба да ѝ подарат на македонската публика незаборавна вечер“, велат од Охрид фест.
Составот е основан во 1978 година од Владо Калембер, кој бил пејач и басист во групата.
Калембер на прашањата за распаѓањето на групата вели: „Ние никогаш не се распаднавме, само направивме пауза од 25 години“.