ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ НА ТУРНЕЈА ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Влатко Стефановски ќе одржи турнеја низ Босна и Херцеговина, која почнува на 23 октомври во Бијељина. Легендарниот гитарист следниот ден ќе свири во Тузла, на 25 октомври во Сараево, на 26 октомври во Мостар, а на 27 октомври во Зеница.

Сите концерти ќе се одржат во културни центри, а Стефановски ќе го придружуваат Иван Кукиќ на бас, Јан Стефановски на тапани и Дамир Имери на клавијатури. Организатор на турнејата е продукцијата „Мјузик тајм“.

Стефановски со своето трио ќе настапи на новото издание на музичкиот фестивал Скрим, што ќе се одржи на 1 ноемеври во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, во организација на продукцијата „Прагма“. Ќе настапат и српските групи „Рибља чорба“ и „Галија“.