ВО БЕЛГРАД ЌЕ СЕ ОДРЖИ МОДНА РЕВИЈА СО КРЕАЦИИ НА ДИЗАЈНЕРКАТА ФРОСИНА КУЛАКОВА, КОЈА ЗАГИНА НА ПЕШАЧКИ ПРЕМИН ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Модна ревија со креации на дизајнерката Фросина Кулакова од Неготино, која беше прегазена на пешачки премин во Скопје во јануари, ќе се одржи во Белград на 26 октомври во хотелот „Москва“. Несреќата се случи на 29 јануари, кога 22-годишната Кулакова беше прегазена на булеварот Партизански одреди од страна на 20-годишниот Васил Јованов.

Ревијата е во рамките на финалето на изборот за убавина „Топ модел Европа Балкан“, на кој ќе се натпреваруваат 20 женски и машки модели од Македонија. Освен новата колекција на Кулакова, која не успеа да ја промовира во јавноста, ќе се одржат ревии и на Душица Шалева и Ирина Тошева.

Победниците на ова балканско финале ќе го претставуваат регионот на европското финале во Брисел.

„Би била многу горда ако некој од Македонија победи на натпреварот“, вели Душица Шалева, директорка на „Топ модел Европа Балкан“.