ВОЕНИОТ ОРКЕСТАР ГО ОДРЖА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ СО ГОСТИ ОД РОМАНИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Воениот оркестар на АРМ го одржа традиционалниот предновогодишен концерт под мотото „Заедно посилни во хармонија на звуците“. На концертот гостуваа музичари од Централниот оркестар на вооружените сили на Романија.

По химните на Македонија и Романија, концертот започна со свечена фанфара, a продолжи со позната љубовна тема од Романија. Првиот дел беше завршен со сплет на светски хитови аранжирани за дувачки оркестар и композицијата „Концертна прослава” со мотиви од романското поднебје.

По него следеа композиции од Македонија, фолклорни теми и евергрини. Диригираше потполковникот Горан Илијевски.

Во третиот и последен блок, покрај светски познати песни со новогодишна тематика, оркестарот ја отсвире композицијата „Нашата армија“, посветена на припадниците на АРМ.