„ЗИЈАН“ ВЕЧЕРВА СО КОНЦЕРТ НА ПЛОШТАДОТ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Култниот рок бенд „Зијан” ќе одржи концерт вечерва (7 август) на градскиот плоштад во нивната родна Гевгелија (21 часот).

„Благодарни сме што сме дел од Гевгелија-Град на културата 2025“, велат од „Зијан“.

Бендот одржа концерт во ноември во Младински културен центар (МКЦ), прв во Скопје по 30 години пауза. Со тој концерт, бендот прослави 42 години постоење и свиреше во оригиналниот состав.

Од победата на Гитаријадата во Зајечар до настапите со бендови како „ЕКВ“, „Партибрејкерс“ и „Електрични оргазам“, „Зијан“ останува важен дел од музичката историја на Македонија и регионот.