ЗИМСКИ ФЕСТИВАЛ СО ДОМАШНИ БЕНДОВИ И ПРОГРАМА ЗА ДЕЦА ВО ВЕЛЕС

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Од утре (26 декември) до 30 декември во Велес ќе се одржува Зимскиот фестивал со програма за сите возрасти.  Фестивалот ќе се одржи во Младински парк, а мотото е „Велес-магијата почнува дома“.
Децата ќе го пречекаат Дедо Мраз на 28 декември во 13 часот.

На 26 декември од 17 часот настапуваат децата од фестивалот Детски ѕвончиња, а веднаш потоа е настапот на балетското студио „Анабела“. По нив е најавена забава со детските јунаци Мини и Мики. На 28 декември во 12 часот ќе се игра детската престстава „Заспаната долина“, а од 17 часот децата ќе гледат шоу со магионичар.

За возрасните забавата почнува на 26 декември од 20.30 часот со диџеј Флексифи, на 27 декември од 18.45 е диџеј Попај а потоа ќе пее Нина Јанева. На 28 декември од 18.30 настапува диџеј Александар Јорданов, а веднаш по него групата „Ај кју“ (фото). На 29 декември од 19.30 е концертот на велешанката Валерија Шојлевска, а од 21 чсот настапува диџеј Орбитал. На 30 декември од 18.30 часот е диџеј  Лука Петров, а од 20.45 групата „Саутпарк“. На 27 декември од 12 часот.е настапот на детскиот хор „Св.Кирил и Методиј.“
Сите денови ќе има и базар на рачни изработки на ракотворци од Велес кои ќе бидат поставени во Младинскиот парк.  Ќе бидат отворени и куќарките кои ќе продаваат храна, греано вино и греана ракија.

П.ПЕЧКОВ