Тромбонистот и композитор Горан Мицевски-Кус ја промовираше новата песна „Зошто“ (Why), која е дел од неговиот авторски албум „Гласот од невидливиот свет“. „Зошто“ трае речиси девет минути, а Мицевски вели дека е негова лична и духовна композиција.
Албумот е снимен на англиски јазик, а новиот сингл доаѓа по претходната песна „Немир“, за која тромбонистот кажа дека ја напишал за надежта и вербата.
Вокал во новата песна е Кристина Палија, поезија чита Здравко Стојмиров, а пеат и Дона Петрова и Дејан Марковски.