ЅВЕЗДИТЕ НА АМЕРИКАНСКИОТ ХАРДКОР „ТЕРОР“ ДОАЃААТ ВО СКОПЈЕ ВО ДЕКЕМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Американскиот хардкор бенд „Терор“ (Terror) ќе гостува во Македонија наесен во рамките на својата источноевропска турнеја. Концертот, што го организира „Дајхард рекордс“, ќе се одржи на 2 декември во „Станица 26“ во Скопје.

„Терор“ на турнејата ќе ги придружуваат уште едни ветерани на американската хардкор сцена „Дет бифор дисонор“ (Death Before Dishonor), најпознатиот бугарски хардкор бенд „Ласт хоуп“ (Last Hope) и „Риск ит“ (Risk It) од Германија.

Ова ќе биде второ доаѓање на „Терор“ во Македонија, откако настапи во Младински културен центар во 2012. Оформен во 2002, „Терор“ досега има објавено осум студиски албуми, а неговите концерти се одликуваат со исклучителна жестина.

Фото: Г. Конев